Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека „Детска Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Париз.
Натпреварот ќе се одржи на 19-ти декември во салата „La Seine Musicale“. Салата за прв пат беше отворена во 2017 година, а слоганот на овогодинешниот натпревар ќе биде „Замисли“. Извршен продуцент ќе биде Александра Ред-Амиел, со Мартин Остердал како извршен супервизор.
До овој момент осум земји го потврдија своето учество: Германија, Франција, Грузија, Ирска, Холандија, Полска, Русија, Шпанија и Португалија. Од друга страна пак 8 земји веќе го откажале учеството: Бугарија, Чешка, Финска, Исланд, Норвешка, Шкотска, Шведска и Швајцарија.
Франција минатата година победи на „Детската Евровизија“ со песната „J’imagine“.
