Фестивали

ЕБУ ја намалила цената за учество на Евросонг во Шведска?

На изненадување на многумина ЕБУ оваа година ја намалила цената за учество на Песна за Евровизија 2024 во Малме, Шведска. Откако многу јавни сервиси, меѓу кои и нашата МРТ истакнале дека цената за учество во 2023-та значително се зголемила, ЕБУ им излегла во пресрет на земјите учеснички и им ја намалила аконтацијата што се плаќа за учество на Евросонг.

Затоа некои земји меѓу кои и Македонија добиле продолжен рок за да одговорат за учество на Евросонг кој е вообичаено трае до 15-ти октомври во тековната година. Затоа и МРТ го објави своето неучество на 6-ти декември 2023-та, скоро два месеци подоцна од вообичаениот рок.

Романија пак, доби право да потврди или откаже учество на 25-ти јануари 2024. Ова докажува дека по големите аконтации за учество во 2023-та година кога Евровизија се одржа во Ливерпул, Велика Британија и откажувањето од учество на Македонија, Црна Гора и Бугарија, ЕБУ ја намалила аконтацијата за учество но и покрај тоа овие земји не се вратија да учествуваат на Евровизија во 2024-та година.

Најверојатно, ЕБУ аконтацијата и оваа година ја намалува, бидејќи прва од четирите земји кои беа отсутни, Црна Гора, се враќа како учесник на Евровизија во Швајцарија следната 2025-та година.

Ова го потврдуваат и националните сервиси на Ирска, RTE и TVE на Шпанија. Според нивните јавно истакнати бројки тие платиле помала аконтација оваа година во однос на претходните три години која чинела 101.090 илјади евра за Ирска и 334.432 илјади евра за Шпанија. Ова е изненадување од страна на ЕБУ знаејќи дека кога има помал број на земји учеснички автоматски аконтацијата се зголемува за сите. Но, најверојатно, ЕБУ поучени од сопственото искуство во 2023-та година кога голем број на земји членки се откажаа од учество, оваа 2024-та се обидуваат да ги вратат земјите членки со што бројката од 37 би се зголемила на 41 земја учесник на Евровизија.

За среќа или жал, ниту една земја од оние предвидените досега не го потврдила своето учество, меѓу која е и Македонија, освен Луксенбруг, земја членка која на Евровизија се враќа после 30 години. Од регинот ќе ја споменеме и Црна Гора која веќе го најави своето учество следната година, додека сите останати решија уште една година да одмораат.

Можеби ќе ве интересира: