Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 25-ти септември во Македонска филхармонија со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи голем јубилеен концерт на на групата „Синтезис“. Оваа позната македонска група која веќе три децении е на македонската музичка сцена, со право може да се нарече најзначаен македонски извозен музички продукт.
Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, „Синтезис“ е најголемиот амбасадор на македонската музика во светот.
Тие цели три децении сее чувари на македонската традиционална музика и нејзин облагородувач со нови музички форми и елементи.
