Велес од 10-ти до 12-ти октомври ќе биде домаќин на уште едно издание на традиционалниот Фестивал на велешка пита и вино – „Питијада 2025“. Градот ќе живее во духот на традицијата, вкусот и забавата, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во највкусните велешки пити и најдобрите вина од регионот.
Засега организаторите сè уште не објавиле детали околу тоа кој ќе настапи во музичкиот дел од програмата, ниту која ќе биде цената на добро познатата велешка пита, но едно е сигурно – забавата и добрата атмосфера нема да изостанат.
Познатиот актер и стенд-ап артист, Стефан Николовски, кој доаѓа токму од Велес, ќе биде водител на овогодинешната „Питијада“. Со својот препознатлив шарм и хумор, тој ќе ја внесе публиката во тридневната празнична атмосфера.
„Питијада“ веќе години наназад претставува едно од најочекуваните гастрономско-забавни случувања во Македонија, кое ги спојува традицијата, музиката и добрата енергија на едно место. Оваа година се очекува уште поголем интерес и бројна публика од целата земја.
Следете нè на Музика24 за повеќе информации околу музичката програма и сите детали поврзани со фестивалот.
