Фестивали

Гоца Тржан се повлече од српскиот избор за евровизиски претставник

Пејачката Гоца Тржан го откажа учеството на националниот избор за српски евровизиски претставник, „Песма за Евровизију 22“. Гоца нема да учествува на изборот поради здравствени причини, соопшти РТС. Тржан требаше да ја изведе песната „Фитиљ“.

Нејзиното место ќе го заземат CHEGI & Brothers Blues Band со песната „Девојко са пламеном у очима“ и ќе настапат во второто полуфинале, на 4-ти март, под реден број 6.

Тие добија право да учествуваат во националниот избор како изведувачи кои беа следни на листата според комисијата за избор на Српската радио-телевизија. Во согласност со правилата на конкурсот, РТС и авторите на композицијата имаат право да изберат друг изведувач на натпреварувачката композиција во случај на какви било проблеми со изведбата на композицијата или изведбата на изведувачот.

На националниот избор ќе се натпреваруваат вкупно 36 натпреварувачи кои ќе се обидат да дојдат до билет за Торино, каде што се одржува годинешната Евровизија. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 3-ти и 4-ти март, а финалето е закажано за 5-ти март.

Можеби ќе ве интересира: