Фестивали

Калиопи со “Црно и бело” учествуваше на изборот за песна на Евровизија 2012

“Црно и бело” е песна што ја исполнува македонската поп-ѕвезда Калиопи, со која учествуваше на изборот за песна на Евровизија 2012 што се одржа во Баку, Азербејџан. Автори на песната се Калиопи и Ромео Грил. Продукцијата е на Грил. Со неа Македонија се квалификуваше во финалната вечер на натпреварот, откако претходните четири години имаше пласман само во полуфиналето. Песната оствари краен пласман на 12 место, со вкупно 71 поени, при што максимален број поени, 12, доби од Босна и Херцеговина и од Србија

На 19 ноември 2011, МРТ ја покани Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија 2012. После ова соопштение, Калиопи и МРТ одржаа прес конференција каде Калиопи откри дека не е сигурна со каков тип на песна ќе настапи на натпреварот, но дека ќе ги земе предвид нејзините композиции и оние што ќе бидат поднесени од нејзини колеги или од странство. Инструменталната композиција за “Црно и бело” беше испратена до Калиопи од поранешниот член на бендот и нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил, со кого таа напорно соработуваше претходно во нејзината соло кариера и декади претходно кога бендот “Калиопи” беше сè уште активен. Калиопи го напиша текстот за композицијата и продолжи со снимање на песната на почетокот на 2012 со Грил во студиото на МРТ во Скопје.

На 29 февруари, во час и половина долга програма на МРТ, Калиопи беше придружувана од музички гости од регионот, каде таа изведе песни од нејзиниот репертоар, и ја изведе “Црно и бело” за првпат. Исто така, таа ја изведе и англиската верзија на песнта, “Black and white”.

Македонија беше извлечена да настапи втора во второто полуфинале на 24 мај. Песната успеа да влезе во финалето и беше извлечена да настапи 22-ра по ред. Во големото финале, одржано на 16 мај, песната се пласираше на 13-то место со 71 поен. Имаше ист број на поени со песната на Романија, но тие имаа освоено поени од повеќе држави, со што Калиопи заврши на 13то место.

Музичкото видео за “Црно и бело”, режирано од Александар Ристовски – Принц, беше снимано во Битола. Видеото беше објавено на 17 март 2012. Кадрите се снимани во празен театар и напуштена зграда, каде Калиопи ја изведува песната на клавир на сцена, додека придружните музичари се снимани на други локации.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: