Фестивали

“Лисја есенски” е песна од Даниел Кајмакоски, со која тој ја претстави Македонија на Евровизија 2015

60-то издание по ред на изборот за песна на Евровизија се одржало во Виена, главниот град на Австрија, како резултат на победата на Кончита Вурст на Евровизија 2014 година во Копенхаген, со песната “Rise Like a Phoenix”. Ова било вторпат Австрија да биде домаќин на фестивалот, а првото домаќинство го имала во 1967 година. Радиодифузер на натпреварувањето бил австрискиот јавен сервис О-Ер-Еф. Полуфиналните вечери биле одржани на 19-ти и 21-ви мај 2015 година, а големото финале се одржало на 23-ти мај 2015 година. Шоуто го воделе три дами: Мирјам Вајкселбраун, Алис Тумлер и Арабела Кајсбауер.

На натпреварот учествувале вкупно 40 земји, а како повратнички земји земале учество Кипар, Србија (после едногодишна паузе) и Чешка (после петогодишна пауза), додека Украина оваа Евровизија ја прескокнала заради финансиски причини и вкупната политичка ситуације во земјата, од Украинската криза. Дебитант на ова издание на Евровизија била Австралија.

На Евровизија 2015 победила Шведска со песната – “Heroes” (превод на мак. “Херои”) – во изведба на Монс Селмерлев, додека Италија со песната “Grande amore” го освоила првото место по бројот на гласови од публиката. Второто место на натпреварот и припаднало на Полина Гагарина од Русија со песната – “A Million Voices”, а третопласирана била Италија. Шведска, меѓутоа, собирајќи го мнозинството од гласовите од жирито добила доволно бодови за да ги надмине гласовите на гледачите.

Ова било првпат од 2009 година победникот да не освои и најмногу бодови од телегласањето. Шведска ја остварила втората победа во последните три године, а свеукупно шеста. Првпат на Евровизија се случило првите три земји да освојат 280 бодови или повеќе. Руската песна -{A Million Voices}- станала прва не-победничка нумера која добила повеќе од 300 бодови, додека италијанската композиција -{Grande amore}- била прва песна од 2012 године која се пласирала меѓу најдобрите три, а која не е испеана на англиски јазик. Австрија и Германија биле првите држави кои од 2003 година наваму не добиле ниеден бод во финалето. Австрија е исто така првата земја домаќин со освоени нула бодови, истовремено прв домаќин и претходен победник кој се пласирал на најслабо место уште од 1958 година

“Лисја есенски” е песна од Даниел Кајмакоски, со која тој ја претстави Македонија на Евровизија 2015 во Виена, Австрија, откако победи на “Скопје фест 2014” во ноември 2014. На Скопскиот фестивал, одржан на 12 ноември 2014 година, во „Скопскиот саем“, победил Даниел Кајмакоски, со песната „Лисја есенски“ за која музиката ја напишал Јоаким Персон, текстот бил дело на Кајмакоски и Александар Митевски, а аранжманот го направиле Митевски, Бобан Апостолов и Далибор Грубачевиќ. Тимот кој ја создал победничката песна бил награден со 20.000 евра.

На ова издание на „Скопскиот фестивал“ изби голем скандал, за новодно местење на истиот. Иако, полицијата пронашла 1 500 СИМ-картички, покасно беше утврдено дека не е пронајден никаков криминал. Учесниците ги следеле правилата и гласале по еден глас за една песна.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: