“Таму кај што припаѓам” е песна што ја исполнува македонската пејачка Тијана Дапчевиќ. Композитори на песната се Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Елена Ристеска и Дарко Димитров. Таа ја претставуваше Република Македонија на Евровизискиот натпревар 2014 во Данска. Песната беше претставена на 22 февруари 2014 година, а беше ставена на располагање за дигитално преземање следниот ден преку iTunes Store.
Песната што првично требало да ја претставува земјата се викала “Победа” и била на македонски јазик. Сепак, на 22 февруари 2014 година, песната беше изведена на програмата на Македонската радио-телевизија и на англиски и на македонски јазик, под називите “To the Sky” и “Таму кај што припаѓам”.
Во полуфиналниот настап песната освои 33 поени, од кои 12 даде жири комисијата на Словенија, 10 Швајцарија, 3 поени даде Малта, по два поени доделија Грузија, Израел и Италија, а по 1 поен Белорусија и Финска.
Подготви: Редакција Музика24
Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


