Фестивали

Мери Попова – шеф на евровизиската делегација го демантира виралното видео најсподелувано на социјалните мрежи

По повод вчера објавениот текст на нашиот музички портал Музика24: Уште на почеток СКАНДАЛ: Можно е да се гласа повеќе пати за една песна, а МРТВ тврди дека може само еднаш, во текот на денешниот ден реагираа од Македонската Радио и Телевизија, поточно, до нашата редакција пристигна демент упатен од Мери Попова – шеф на делегацијата која и оваа година е задолжена за и околу самиот настан организиран и раководен од МРТВ.

Како сериозен и докажан медиум, кој служи точно да ја информира јавноста во врска со случувањата од музичката сцена, демантот ќе го објавиме, но претходно, би сакале да упатиме прашање до Мери Попова, дали убаво го погледнала видеото кое што е објавено во нашиот текст и дали воопшто сфаќа дека видеото “на големо” се споделува на сите социјални мрежи. Би сакале да и објасниме дека ова видео не е во наша сопственост, туку е само материјал кој е испратен и добиен од засегнати граѓани, загрижени и вознемирени околу можните нерегуларности со гласањето.

Изборот за песна на Евровизија е нешто за што сите сме засегнати, на овој или оној начин, бидејќи да потсетиме, данокот со кој Мери Попова и нејзината делегација и оваа година ќе одат да ја престават Република Македонија, е платен од нашите пари.

Патем, што се однесува до сликата на објавениот текст и самиот текст преземени од естрадниот магазин “Backstage”: Мери Попова: Не се кријам, не бегам од одговори, знам колку не чини Евровизија, но не е мое да кажам”, истиот, повторувам е преземен од естрадниот магазин “Backstage” кои пред неколку дена имаа интервју со Вас, па со нивна согласност, бидејќи и сликата и видеото се заштитени со авторски права, ние од музичкиот портал Музика24, само ги презедовме.

А во продолжение, во целост ви го претставуваме демантот кој што е упатен од Македонската Радио и Телевизија, поточно, од Мери Попова – шеф на делегацијата која и годинава е задолжена за проектот Евровизија.

ДЕМАНТ

Најостро ги отфрлуваме наводите за евентуална манипулација на платформата за гласање, со што би се нарушил легитимитетот за избор на национален претставник за Евровизија. По барање на јавноста, а по примерот на други европски радиодифузери, применивме едноставен и бесплатен начин на гласање за нашите граѓани. Модел, лесно пристапен за сите генерации што имаат и немаат електронски адреси или социјални медиуми.

МРТ обезбеди ИТ компанија која се грижи за сигурноста на платформата. Гласањето е направено по примерот на Евровизија, односно на Јуниорскиот Евросонг. Европската радиодифузна мрежа е информирана за начинот на кој Јавниот радиодидузен сервис го избира годинешниот претставник.

Земена е предвид можната манипулација со платформата за гласање и во тој контекст е направена заштитата на самата платформа. Граѓаните можат да бидат спокојни за валидноста на системот. Правилата и заштитите се поставени согласно стандардите за избор на Евровизија во други држави, при што ниеден гласач не е изземен од правото да го даде својот глас за својот фаворит.

Истовремено, Ве замолувам да ја повлечете, или преместите мојата фотографија и наслов – изјава превземна од друг медиум во сосема друга конотација, која не е во корелација со посочениот текст и е ставена без мое одборение.

Очекуваме поддршка од сите медиуми затоа што претставникот кој што ќе биде избран од јавноста и од интернационалното стручно жири, ќе ја претстатвува Македонија и сите нас.

Ви благодарам, Мери Попова – Шеф на делегација“, се вели во демантот на МРТВ, поточно, на Мери Попова.

Иван Јосимовски,

Главен и одговорен уредник на Музика24

Можеби ќе ве интересира: