Магазин

На натпревар по јадење лук, победникот со изеден околу 190 главици млад лук (Фото+Видео)

Во градот Валс во Шпанија се одржа интересен натпревар во јадење лук. Се работи за годишен фестивал наречен „Gran Festa de la Calcotada de Valls“. Фестивалот го носи името по еден вид млад лук, а целта на натпреварот е учесниците за 45 минути да изедат што е можно повеќе.

Победник на овогодинешниот натпревар беше Дејвид Мартин од Тарагона, кој изеде 192 глави, а ова му е второ учество и прва победа. Пред две години тој завршил на второто место, но очигледно е дека вежбал и се подготвувал за годинава. Настанот е каталонска традиција која датира од 19 век.

Можеби ќе ве интересира: