Фестивали

МКЦ домаќин на Андерфест фестивал оваа година (Фото)

“Прогресивниот, музички фестивал Андерфест ќе се одржи по петти пат на 13-ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ). Публиката и овој пат на овој јубилеј ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок-енд-рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична”, велат организаторите на Андерфест.

Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари. Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваатмногу публика и забава. На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

„Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?”, прашуваат организаторите од Андерфест Скопје

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк: Андерфест 5.

За првите 100 карти цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.

Можеби ќе ве интересира: