Фестивали

Најавени првите артисти кои ќе настапат на “Битола Отворен Град”

Бендот што е бенд и е опасен тренд, “Pluto`s doubts” се првите артисти кои Младинскиот културен центар – Битола ги најавува за “Битола Отворен Град”. Овие дечки годинава го ставија на ЦД нивниот прв албум “Сизиф”, а зад себе бележат победа на “Лузер Фест” во 2015-та година и настап на “EXIT” во 2016-та.

Кој не ги слушал во живо, не знае што пропушта, затоа резервирајте го петок – 4 септември 2020, Антички театар Хераклеја. Почеток во 21 часот.

Наскоро, повеќе детали за овогодинешното издание на “Битола Отворен Град“.

Можеби ќе ве интересира: