Фестивали

“Суперхикс” ќе настапат на “Битола Отворен Град”

Ска-панк бандата “Суперхикс” се следните изведувачи кои Младинскиот културен центар – Битола ги најавува за “Битола Отворен Град”. Овие дечки четвртина век ја размрдуваат домашната сцена, а во 2012 година го прославија своето полнолетство.

Кој не ги слушал во живо, не знае што пропушта, затоа резервирајте го петок (4 септември). Локацијата е познатиот Антички театар на Хераклеа, а почеток е во 21 часот. МКЦ – Битола вчера ги најави и првите артисти на овогодинешното издание на “Битола Отворен Град”.

Можеби ќе ве интересира: