Фестивали

ОФФест 2026 со светска програма: Африка, Европа и магијата на „Elis & Tom“ во Скопје (Фото)

Со јасна визија, внимателен избор и почит кон традицијата, ОФФест 2026 ја објави својата програма – издание што ветува силно, колоритно и возбудливо музичко патување низ различни култури и континенти.

Од 3 до 6 јуни, Скопје повторно ќе стане центар на светската музика, со настапи на извонредни артисти како GUITARI BARO, BCUC, NILS ØKLAND & SIGBJØRN APELAND, DOBRILA & DORIAN, RAÜL REFREE & MARIA MAZZOTTA, LES AMAZONES d’AFRIQUE, MATCHUME ZANGO и ZAWOSE QUEENS.

Ова издание носи учесници од вкупно 15 земји, со особено силно присуство на африканската музичка сцена – нешто што му дава посебна енергија и автентичност на фестивалот. Разновидноста на звуци, од традиционални до современи експериментални изрази, го прави ОФФест уникатно доживување за сите љубители на музиката. Фестивалските вечери ќе се одвиваат на две препознатливи локации – првите три вечери во Македонската опера и балет, а завршницата во Младинскиот културен центар, создавајќи различна атмосфера за секоја фестивалска приказна.

Како дел од придружната програма, публиката ќе има можност да го проследи и култниот бразилски документарен филм „Elis & Tom“, кој додава уште една уметничка димензија на фестивалот.

Билетите се веќе пуштени во продажба, а интересот се повеќе расте – што е уште една потврда дека ОФФест останува еден од најзначајните музички настани во регионот.

Можеби ќе ве интересира: