Музика на кирилица

Миа Костова за “Жешко столче”: Оправдувам се што не му штети на другиот, па дури и секс на една ноќ (Видео)

Во втората епизода од новата сезона на едно од најгледаните YouTube шоу-а во Македонија, младиот и симпатичен водител Никола Трповски спроти себе ја има најпознатата инфлуенсерка, која во приватниот живот е жена, мајка и голем борец. Таа нема влакна на јазикот, Миа Костова на жешкото столче.

Таа во најновата емисија на “Жешко столче” вели дека едноставно уживала 90 дена на море, но дека колку и да е тоа убаво на крајот човек почнува да кризира да се врати во нормалниот живот и секојдневието. За своите чести критики и коментари што ги споделува на социјалните мрежи по повод таканаречените мерки што ги донесуваат власите поради корна кризата, вели дека не се плаши од последиците бидејќи ако никој за ништо не одговара во оваа држава а секојдневно се случуваат милион случува, таа верува дека не би имала некои последици за своите коментари и реакции по повод истите.

Што вели таа за вакцините, дали е антиваксер или не, поради која причина престанала соработката со Бекстејџ, дали и колку заработува од инфлуенсерството како професија, дали е во љубовна врска со нејзината пријателка Тијана, дали е строга мајка… и многу повеќе за Миа Костова, дознајте гледајќи го новото издание на “Жешко столче”.

Земете грицки, вашиот омилен сок… и уживајте!

Zesko Stolce so Mia Kostova - Cesto se stavam vo ogan!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: