Фестивали

“Охрид фест” годинава прославува голем јубилеј 25 години

Како што дознава Музика24, годинава познатиот македонски интернационален музички фестивал “Охрид фест” прославува јубилеј 25 години од своето постоење. Уметничкиот директор на овој фестивал познатиот музичар и член на групата “Биоритам” Цане Петров, за големиот јубилеј изјавува:

“Колку и да биде добро секогаш може да се чепне уште нешто да се додаде. Цело време работиме на квалитетот. Сите знаат дека сцената на “Охрид фест” е најубава во Македонија. Плус тоа “Охрид фест” е интернационален фестивал со четири вечери. Има детска вечер, фолк, поп и интернационална вечер, каде што гостуваат многу светски ѕвезди на неа. Можам да кажам дека голем број звучни имиња продефилираа изминативе години на овој фестивал”, вели уметничкиот директор на “Охрид фест” Цане Петров. Како што додава тој, секогаш се работи на внесување новитети во овој фестивал се со една цел тој да биде рамо до рамо со останатите светски фестивали.

“Сега најпрво испадна дека малку го поместивме “Охрид фест” од последниот викенд од август во првиот викенд во септември. Така да, сега малку е проблем со детскиот фестивал, затоа што веќе дечињата почнуваат да одат во училиште, а обично на тој детски фестивал ни гостуваа од Србија, Бугарија, Црна Гора, така да сега ќе видиме како ќе биде со тоа. Што се однесува до народната и поп вечерта оваа година “Охрид фест” прави 25 годишнина, значи ќе биде јубилеј така да сепак имаме некое изненадување кое не би сакал сеуште да го нагласувам”, додава Петров. Тој за оваа година најави гостување на познати музички ѕвезди кои досега не гостувале на овој фестивал.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: