Песната „In corpore sano“ со која Ана Ѓуриќ Констракта ја претставува Србија на годинешниот Евросонг е избрана меѓу шесте кои ќе се натпреваруваат за најдобар текст на овогодинешното натпреварување, по избор на порталот Eurostory.nl.
Покрај песната „In corpore sano“, меѓу номинираните се и песни кои ќе ги претставуваат Австралија, Велика Британија, Италија, Украина и Швајцарија. За добитникот на наградата заедно ќе одлучува жирито и публиката која може да гласа на порталот eurostory.nl.
Жирито на порталот изјави дека воведната реченица „Која е тајната на здравата коса Меган Маркл“ може да биде „најневеројатната воведна реченица од сите евровизиски песни во историјата“. Наградата за најдобар текст на порталот Eurostory.nl се доделува од 2016 година, а претходните години наградите ги освојуваа Украина (2016), Франција (2017, 2018) и Италија (2019, 2021).
