Здружението на џез музичари по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30-ти април пред Платото пред Македонската филхармонија. Настанот започнува од 14 часот, па се до доцните вечерни часови. Ќе настапат следниве музичари: Џоле Грујовски – Resonance, Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски, SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски, CuckooRack aka Bopers, Тони Китановски.
“Музиката има моќ да нè обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување”, велат од ЗЏМ.
