На 27-ми август (петок), со почеток од 21 часот, на платото на „Млечен”, а во склоп на „Карпошово лето“ свој вечерен концерт ќе има нашата музичка ѕвезда Каролина Гочева.
По две години, ова е прв настап на Каролина на отворена сцена, каде што граѓаните на Карпош и на Скопје ќе можат да уживаат во нејзините песни од албумите „Македонско девојче 1 и 2″, „Извор” и дел од нејзините најпопуларни поп-песни. Каролина ќе ја придружува нејзиниот бенд и несомнено не очекува летна вечер за паметење.
„Карпошово лето“ ќе се одржува на плоштадот „Делфина“ (26.08) и платото на „Млечен“ (27 и 28.08). Во тие три дена ќе има програма за сите генерации: за децата, младите и повозрасните. Општината најавува вечерни концерти на најголемите музички ѕвезди во Македонија.
