Градот Скопје ова лето ќе ја почувствува најсилната музичка вибрација досега – фестивалот Skopje Calling 2025 најавува историско издание со тројца моќни изведувачи кои ветуваат незаборавна авантура под отворено небо. Во три фестивалски вечери, на Стадионот на АРМ, ќе настапат:
- Massive Attack – легендарниот британски електронски колектив, пионери на трип-хопот, доаѓаат со полна аудио-визуелна продукција која го поместува доживувањето на концерт на едно сосема ново ниво. Ова ќе биде вечер на психоделична еуфорија, звук и светлина што ќе ве фатат за душата.
- Joker Out – словенечкиот рокенрол бенд кој ја освои младата европска публика со својот свеж и бестрашен пристап кон музиката. По настапот на Евровизија, нивниот подем е експлозивен, а Скопје е следната станица на нивната победничка турнеја.
- Nick Cave – по децении исчекување, мистичниот поет на мракот и болката конечно доаѓа во Скопје. Со својата харизма, глас и присуство, Cave не нуди само концерт, туку катарза – емотивно доживување што се памети цел живот.

Со оваа тројка на сцена, Skopje Calling 2025 ветува спектакл кој ги спојува генерациите, музичките вкусови и емоциите. Организаторот Avalon Production повторно потврдува дека Скопје заслужува голем фестивал од европски ранг.
Ова лето, не само што слушаме музика – туку и ја живееме!
Текстот го подготви: Марија Поповска
