Како што дознава музичкиот портал Музика24, “Underfest” денес го распиша конкурсот за пријавување на млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на “Underfest” фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 5-ти, 6-ти и 7-ми Април 2019-та во просториите на Public Room во Скопје.
Авторите треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: [email protected] најдоцна до 31 декември 2018-та година. Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот. Се очекува да настапат преку 50 артисти од полето на музиката, театарот, литературата, културата и уметноста на 3 посебни сцени. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.
Кои се потребни информации за конкурирање на музичките бендови:
- Име на бендот
- Фотографија од бендот
- Музички правец
- По можност демо снимка од авторска песна
- По можност демо снимка од кавер песна за кавер бендови
Потребни податоци за конкурирање на театарските уметници:
- Име на театарската група
- Име на театрската претстава (времетраење на претставата, бројот на актери што настапуваат, режија…) тука треба податоци како за регуларна претстава.
Потребни податоци за конкурирање на автори од областа на литературата:
- Име и презиме на авторот
- Име на книжевното дело
- Жанр (Поезија, проза, роман….) и
Потребни податоци за конкурирање на предавачи и изложувачи:
- Право на пријавување имаат сите истражувачи, научници кои имаат релевантно научно-истражувачко дело кое би го презентирале пред публиката присутна на фестивалот.
