Најжешкиот фестивал во регионот, „Freshwave 2025“, ја подига температурата до максимум. Сплитскиот мајстор на римата Војко V и неприкосновените кралеви на забавата Krankšvester пристигнуваат со единствена мисија – да создадат незаборавна ноќ на тврдината Кастел во Бања Лука.
Со хитови што експлодираат на секоја журка – „Не може“, „Pasta Italiana“, „Како тоа“ – Војко V е вистински магнет за публика. Секој негов настап е бран на заразна енергија, смеа и врева што го движи секој чекор во публиката. Со својот шарм и безмилосна сцена, Војко повторно го зацврстува статусот на најголемата фестивалска ѕвезда.
Кога Krankšvester ќе влезат во игра, нема назад. Со брутално искрени текстови, хаосен грув и химни како „Габер“ и „Дубаи“, осјечкиот тандем ветува перформанс за кој ќе се раскажува со години. Спремете се за најлудото фестивалско лудило до сега.
Lineup-от веќе звучи како најдобриот сон: Пабло Бози носи електронска магија, Београдски синдикат го распалува бунтовничкиот дух, Bad Copy го шири хуморот без граници, а Хилџсон Мандела ја инјектира свежата трап енергија што ќе го раздвижи целиот Кастел.
И тоа не е сè! Организаторите најавуваат уште неколку звучни изненадувања што ќе го запалат летото како никогаш досега!
Резервирајте си го 7-9 август 2025. Фатете ги Early Bird билетите додека траат – и подгответе се за Freshwave, местото каде што музиката, енергијата и љубовта кон животот немаат граници!
