Талентираната пејачка од Клис, Николина Перковиќ, започнува ново музичко поглавје. По настапите во неколку телевизиски шоуа и искуството како дел од групата „Узбуна“ од Сплит, Николина сега остварува соработка со еден од најголемите хитмејкери на Балканот – Мирко Шенковски Героњимо. Тој стои зад безвременски хитови на имиња како Халид Бешлиќ, Црвена јабука, Ханка Палдум, Жељко Самарџиќ, Ана Бекута и други.
Новата песна „Манијак“, целосно создадена од Героњимо, носи заразен летен ритам, збогатен со звуците на бузуки, и говори за љубовни манијаци. Ведриот дух на Николина совршено се вклопува во овој забавен мелос, создавајќи комбинација што ќе ја освои публиката на прво слушање.

„Оваа песна носи дел од мене – радоста и позитивната енергија. Се надевам дека ќе најде пат до сите што ќе се препознаат во неа и ќе ми ги отвори вратите кон пошироката музичка сцена“, вели Николина, додавајќи: „Манијак“ е за сите кои некогаш биле манијаци – во љубовта, во танцот, во животот. Весела, дива и целосно моја. Се надевам дека ќе ве ‘зарази’ со својата енергија“.
Спотот за песната е снимен под режисерската палка на Дејан Миличевиќ, на повеќе локации низ Далмација – од Каštел Стари и Каštел Штафилиќ до Солин и Трогир. За камерата беше задолжен Немања Петровиќ, а монтажа и колор корекцијата ја направи Дарко Максимовиќ.
Уживајте!
