Радиотелевизија Србија ги објави имињата на изведувачите и нивните песни кои ќе се натпреваруваат на националниот избор за песна за Евровизија. Победникот од овој натпревар ќе ја претставува Србија на Евросонг 2025, кој ќе се одржи во Швајцарија.
Од вкупно 222 пријавени песни, избрани се 30 кои ќе бидат во конкуренција. Натпреварот ќе се одвива во три вечери: две полуфиналиња на 25 и 27 февруари, и големото финале на 1 март. Во секое полуфинале ќе настапат по 15 изведувачи, од кои осум најдобри ќе се пласираат во финалето.
Песната која ќе ја освои победата ќе ја носи Србија на меѓународната сцена на Евровизија 2025.
