Фестивали

Втората вечер на „Макфест со познати музички имиња и позната фестивалска еуфорија

Сабота, 26-ти октомври. Втор ден Макфест во Штип. Додека оние што не успееа да влезат во денешата втора фестиваслска вечер и да бидат дел од истата си заминуваат, доаѓаат новите музички имиња кои вечерва ќе ги видиме на макфестовската сцена. Како што не информираат од ПР тимот на Макфест, вечерва како најдобри од првата фестивалска вечер, односно, како најдобри дебитанти, повторно ќе ги видиме следните изведувачи: Сања Тодоровиќ со композицијата „Јас сум виновна“, The Solution со „Ти и јас“, Мирјана Митрева – „Плачев во себе“, Тамара Волческа – „Кажи ми да знам“ и Калина Александар со композицијата „Да не те познавав“.

Освен овие композиции, вечерва на фестивалската сцена своја песна ќе испејат и Дани Димитровска, Елена Ристеска, Дарио, Симона Поповска, Теа Трајковска и таско, Павле Камиловски… и многу други.

И вечерва директниот пренос е на МРТВ и истиот започнува околу 20:30 ч.асот.

Можеби ќе ве интересира: