Со традиционланото отворање на фестивалот „Етно плоштад“ и Саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“ вчера вечер во Берово започнаа овие два настани. Настаните се во знакот на празникот Успение на Пресвета Богородица со тоа што Берово викендов е центарот во Малешевијата каде што се случува најголемата музика забава со популарни музички ѕзведи од Македонија и Балканот.

Имено, вечерва на сцената од фестивалот „Етно плоштад“ публиката ќе има можност да ужива во настапите на: Давид Темелков, Гоца Тржан, „Тропико“ бенд и бендот „Феникс“.
Една убава и интересна можност да се ужива во Берово со настаните „Етно плоштад“ и „Малешевијата на дланка“.
Прилогот го подготви: Христијан Ангелески
