Фестивали

Берово подготвено. Вечерва започнува „Етно плоштад“ и „Малешевијата на дланка“

Берово е подготвено за вечерашниот почеток на фестивалот „Етно плоштад“ и манифестацијата „Малешевијата на дланка“. Малешевски традиционални производи, музика, забава и адреналин ги очекува беровчани и посетителите овој продолжен викенд во Берово.

На првата фестивалска вечер од „Етно плоштад“ публиката ќе има можност да ги проследи настапите на: Културно уметнички друштва, групата „Синтезис’’, „Браво бенд“ како и DJ-џеј Dras & Cece, a денес од 13 часот е закажано Свеченото отворање на фестивалот „Етно плоштад’’ и Саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“.

Имено, од Општина Берово излегоа со апел до граѓаните за време на фестивалот и манифестацијата помалку да се употребуваат автомобилите со цел избегнување и правење дополнителен метеж во сообраќајот.

Берово овој продолжен викенд има многу што да понуди за посетителите од цела Македонија, но и за мештаните-Беровчаните.

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: