Во овогодинешниот новогодишен серијал на интервјуа, ексклузивно и само за сите најмали и најмлади, Музика24 разговараше со Дедо Мраз. Што тој одговори на нашите прашања, кому каде и кога ќе подари пакетче и многу повеќе од тоа прочитајте во продолжение.
Музика24: Здраво Дедо Мраз како си? Кон крајот од уште една интересна година редно е да сублимираме по што ќе ја паметиме. Поминавме кризи, инфлации, замрзнување-одмрзнување на цени, протести, имаше и убави моменти, музички фестивали, театарски претстави, концерти… По што Дедо Мраз ќе ја памети и ќе се сеќава на 2023-та година?
Дедо Мраз: Здраво на сите. Добар сум и се надевам и уште подобро најпрво да Ви се заблагодарам што сум поканет на музичкиот портал Музика24. Како и секоја година и оваа ќе ја паметам по убавите концерти, забави и театарски претстави.
Музика24: Веруваме дека и во работилницата каде што се подготвуваат разно-разните подароци за дечињата се слуша убава и квалитетна македонска музика. Која песна ја одбелажа 2023-та година, и која песна најмногу му се допадна на Дедо Мраз?
Дедо Мраз: Во прекрасната фабрика за играчки на Дедо Мраз се слуша само песната „хо хо хо јас сум Дедо Мраз“, така со песната и насмевката полесно оди и работата.
Музика24: На неколку дена сме од дочекот на Новата 2024-та година. Сите сме во потрага по најубавиот подарок за најблиските и најсаканите. Дали и Дедо Мраз е под новогодишна еуфорија, и како делува целата таа атмосфера на виленицита и сите оние кои ти помагаат?
Дедо Мраз: Новогодишната еуфорија за мене е мисија што треба успешно да ја исполнам секоја желба за сите дечиња да биде прекрасен подарок.
Музика24: Кога веќе ги споменуваме новогодишните подароци, како одбираш кому што да подариш, односно, според што се водиш дали и коков подарок некому би му подарил или не?
Дедо Мраз: Подароци има за сите големи и мали. Тука нема граница дали било лошо или добро дете, секое треба да има поклонче за момче кола за девојче кукла.

Музика24: Денес е вистинска реткост некој да праша дали сте среќна личност? Дали Дедо Мраз е среќен и ги прави и останатите да бидат среќни покрај него?
Дедо Мраз: Да, вистинска реткост е тоа. Обично прашуваат среќните луѓе дали си среќен. Да, среќен сум. За мене среќата е во малите нешта, а тие мали нешта го прават секој човек да се радува на тоа.
Музика24: Сите ние правиме грешки и никој не е безгрешен. Што е она што во 2023-та да имаш можност би го сменил, или би посакал воопшто да не се случи?
Дедо Мраз: Ако имам можност, би сменил се!

Музика24: Со која песна се буди Дедо Мраз и си ја потпевнува во текот на денот?
Дедо Мраз: Jingle Bells
Музика24: Дали годинава доби многу писма од дечињата од Македонија? И кои се пораки беа испишани во нив?
Дедо Мраз: Писма има да и тоа премногу, од цела Македонија. Еве едно од нив: “Драг Дедо Мраз се викам Киријана одам во градинка имам и едно маче се вика Цаци. За Нова година сакам игра џимџам, а најмногу на свет ги сакам мама и тато“.
Музика24: Кога ќе се склопат стрелките започнува Новата година и со самото тоа Дедо Мраз конечно е на одмор. Но кои се планови ги имаш во текот на 2024-та што на приватно што на професионално поле?
Дедо Мраз: Желно го исчекувам денот уште пред Нова година кога ке се вклопат сказалките од часовникот и во тој момент посакувам на целиот свет среќа, здравје и мир.

Музика24: Каде ќе ја дочека Дедо Мраз Новата година и со кого?
Дедо Мраз: Дедо Мраз за Нова година ќе биде со своите најблиски во пријатниот топол дом.
Музика24: И каде може дечињата кои што сакаат да го видат, гушнат, да го поздрават и да се сликаат со Дедо Мраз, а при тоа да добијат новогодишно пакетче?
Дедо Мраз: Прекрасни деца ве поздравува најдобриот и највесел Дедо Мраз. Да бидете послушни, ведри многу радост и долг живот. Повелете во градот Прилеп. Среќна нова 2024 година хо хо хо…
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
