Имам нешто да те прашам

Горан Милошески: 2023-та ќе ја паметам по кризата во нашата држава, но и по убавите и големи музички хитови (Фото+Видео)

Тој е еден од најпознатите македонски музичари, продуценти и создавачи на убава и квалитетна македонска музика. Зад себе има голем број на хитови, што сам отпеано, што креирано за своите колеги и пријатели кои имаат добиено голем број на награди. Има своја школа каде обучува млади кадри кои сакаат да дознаат и да бидат дел од македонската музичка сцена. Денот му започнува со музика, а за сите кои го почитуваат и сакаат тој ветува дека и следната 2024-та година ќе биде тука за сите нас, ќе создава нова музика и секако хови хит рефрени.

Почитувани читатели, еден од најдобрите, Горан Милошески во новогодишниот серијал на интервјуа на музичкиот портал Музика24.мк.

Уживајте!

Музика24: Кон крајот од уште една интересна година редно е да сублимираме по што ќе ја паметиме… За волја на вистината поминавме кризи, инфлации, замрзнување-одмрзнување на цени, протести, но имаше и убави моменти, музички фестивали, нови хитови, убави и интересни концерти… Што Ви остана како белег, сеќавање на 2023-та година?

Горан Милошески: За мене 2023 година на музички план беше доста плодна. Оваа година соработував со познатиот и најдобриот вокал Перо Христов, Душко Георгиевски, Лени Партикова, Лилјана Прнакова, Ани Анета, Дејан Стоев (солист во триото „Џентлменс“), Марио Петрушовски, Ксенија Митковска и познатиот маестро Сашо Ливрински и многу други… Ќе ја паметам и по лошите случувања во политиката, по свирепото убиство на малата Вања и кризата во која западна нашата држава.

Музика24: За разлика од предходните неколку години, оваа година многуте музички фестивали (кои за среќа се уште постојат) понудија голем број на композиции и песни кои претендираат да бидат хитови. Која песна според Вас ја одбележа 2023-та година и го заслужува епитетот Хит на годината?

Горан Милошески: Имаше доста композиции изведени на „Охрид Фест“ и би ја издвол „Златна рипка“ за која јас го работев аранжманот и беше снимена во моето студио, а изведена од Душко Георгиевски.

Тука ќе ја споменам и една од моите омилени, без да ми се налутат моите соработници или колеги, песната „Жена Хероина“ на единствената Татјана Лазаревска, која песна се снимаше во моето студио и која јас го подготвив аранжманот.

Потоа ќе ја издвојам и композицијата „Швалерска рапсодија“ изведена на „Тумба Фест“, изведна од Џони, Ани, Бато и Сашо Ливрински. Тоа е една комична композиција каде еден фраер скопски и прилепски мајтапџија и се додоворуваат на една мала Новка кумановка.

И не можам а да не си го спомнам мојот млад и вреден ученик Петар Дамчевски од Мелбурн, со кого работам една година на изучување на македонската песна.

Музика24: Се приближува популарната новогодишна еуфорија кога секојдневно се случуваат забави, афтер парти, шопингувања… Во потрага сме по најубавиот подарок за најсаканите. Дали и Вас ви се случува во овој период од годината да бидете еуфорични, односно, како делува целата новогодишна еуфорија на Вас и Вашето секојдневие?

Горан Милошески: На ова прашање ќе бидам поскромен, затоа што човек кој живее сам не ја чувствува оваа еуфоруја. Еднинствено нешто ми се сатисвакција само моите ученици на кои посветувам огромно внимание и целта ми е да ги научам и изведам на еден пат што се вика музика и пеење.

Музика24: Кога веќе ги споменуваме новогодишните подароци, како одбирате што да подарите, односно, според што се водите кога бирате новогодишен подарок?

Горан Милошески: Веќе трета година јас немам кому да бирам и дадам подарок. Со завршувањето на моја врска со бившата другарка, јас новгодишните празници не ги перципирам и немам кому веќе да давам поклони.

Музика24: Денес е вистинска реткост некој да праша дали сте среќна личност? Како сте? Дали практикувате да се интересирате за блиските луѓе што ги прави среќни и колку се трудите да стимулирате убаво расположение?

Горан Милошески: Денска никој не те прашува дали си среќен или не. Лугето те гледат само дедека имаат интерес од тебе.Тоа го доживувам секоја година, најмногу од своите ученици. Ќе им пружиш љубов, знаење и потоа ги нема никаде. Ниту негде ќе те споменат. За жал во ова наша чудесна Македонија тоа е веќе секојдневие.

Музика24: Сите ние правиме грешки и никој не е безгрешен. Што е она што во 2023-та да имате можност би го смениле, или би посакале воопшто да не се случило?

Горан Милошески: Во принцип не обврнувам внимание на таквите нешта. Нека Бог им простува на тие што ми погрешиле и несакам да ги паметам годините по лошите нешта. Сакам да ги паметам по добри композиции, по добри пеачи кои ги гледам на нашите екрани и им се радувам од се срце.

Музика24: Која песна или рефрен деновиве го потпевнувате, односно, дали денот го започнувате со песна и музика и која е таа песна?

Горан Милошески: Да, денот ми почнува со музика. Правам кафенце, слушам инструментална музика и ги чекам учениците од Австралија да имаме час. Од сабајле денот ми е со музика и песна.

Музика24: Дали се уште верувате во легендата за Дедо Мраз и дали за него имате годинава некоја порака?

Горан Милошески: Дедо мраз е легенда која само таа носи вистинска среќа на дечињата и затоа ја сакам и почитувам. Желабта моја е една, а тоа е да нема војни и да нема гладни дечиња никогаш.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова, се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се вашите пред се професионални планови и замисли и што би сакале да се случи ново на приватно поле во Новата 2024-та година?

Горан Милошески: На професионален план сакам се уште да правам нови убави композици. Да ме има и да бидам застапен на фестивалите. А моја најголема желба ми е станот во кој што моментално живеам да го отстапам и препишам на мојата ќерка Мирјана и конечно да се вселат тука со момчето и нормално и убаво да си живеат. Јас или ќе бегам, ќе заминам од Македонија, а ако останам тука, ќе живеам под кирија некаде во Скопје.

Музика24: Наскоро не очекува дочекот на Новата 2024-та година, па каде планирате да ја дочекате и со кого?

Горан Милошески: Новата 2024-та година ќе ја дочекам сам работејќи во студио, потоа малку на социјалните мрежи и потоа ќе си легнам.

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз, без неговите ирваси, без даровите, но и без желбите. Кои се вашите желби за Новата 2024 година?

Горан Милошески: Би сакал да прекинат војните во целот свет. Нашиве политичари да се свестат и конечно да почнат да мислат за нашиот гледен македонски народ. Тоа ми е најголемата желба.

Музика24: Со новогодишната порака би го завршиле овој забавен раговор, па ајде да чуеме на кој начин Вие ќе им ја честитате Новата година на вашите фанови, обожаватели, сите оние кои што ве почитуваат и сакаат и секако на читателите на единствениот музички портал во Македонија, Музика24?

Горан Милошески: Драги мои читатели на овој најубав портал во Македонија, а и пошироко. Ви посакувам да се сакате и почитувата меѓу себе. Им посакувам на сите мајки да бидат кака што беа нашите предци мајки. Живот е убав, но и суров, затоа на сите Ви посакувам само едно… здравје, слога, љубов и хармонија во сечии дом. Ве сака вашиот Горан Милошески.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: