Роден е во Охрид на 10-ти јануари во 2001-та година. Јарец е во хороскоп и за себе вели дека е голем спанко. Во слободно време ги слуша “The Weeknd”, а често го споредуваат со српскиот артист Клинац. Би сакал да сними дует со македонската артиска Лина. Сингл е, и би сакал да има голем концерт во својот роден град.
Почитувани, Ви го претставуваме Христијан Настевски, или како што сите го познаваат, нашиот познат македонски артист, ексклузивецот на Урбан Рекорд, Пајак. Со него воедно започнува нашиот серијал на новогодишни интервјуа кој ќе трае до 31-ви декември, секој ден по едно интервју точно напладне.
Музика24: Годинава која изминува ќе остане запаметена по карантините, полициските часови, забраните за масовни собири, ковид вакцинацијата, сертификатите… По што ти лично ќе ја паметиш оваа 2021-та година?
Пајак: Покрај сите мерки оваа година ќе ја запаметам по тоа што јас бев многу активен, изработив многу нови проекти, со полна пареа работев и се трудев да се задржам на сцената. Во меѓувреме, присуствував на многу настапи… искрено оваа година ми помина работно. Така да немав време да мислам на пандемијата и све то што се случуваше во позадина.

Музика24: Заради околностите оваа година не можеме да се пофалиме со богата музичка продукција, но секако дека постојат песни што ќе останат забележани. Кој е твојот избор од она што беше понудено?
Пајак: Сепак, како што веќе одговорив, заради ситуацијата бевме спречени за многу работи,
јас се претставив со неколку песни оваа година од кои можам да ја издвојам “Срце”.
Музика24: Не очекува дочекот на Новата година, кој се прославува на различен начин. Лично како и каде посакауваш да ја дочекаш Новата 2022 година?
Пајак: Нормално, секој посакува Новата година да ја дочека во кругот на фамилијата, пријателите..
Но мојата работа е таква што мислам дека јас годинава ќе поминам продуктивно со настап (но сепак, тоа зависи од мерките со моменталната ковид ситуација).
Музика24: А кој е досега најинтересниот новогодишен подарок што го имаш добиено или можеби го имаш подарено?
Пајак: Можеби не за Нова година, но оваа 2021-та мојата соба е преполна со подароци од моите фанови, и им благодарам на сите кои секојдневно успеваат да ми го направат денот. А за Нова година, поклон искрено не се сеќавам хехехе (се смее).

Музика24: Новогодишната магија што ја предизвикуваат лампионите, светилките во разни бои, новогодишните базари, музиката, честитките… делува на комплетното расположение. Дали лично ја чувствуваш таа празнична еуфорија и колку умее да те понесе?
Пајак: Да, од секогаш сум ја сакал таа Новогодишна еурофија, и како дете едвај го чекав тој период. Сите ние иако сега пораснавме, секогаш ќе се радуваме на магијата која ни ја пружа зимата и Новогодишните празници во неа.
Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз неговите ирваси и даровите, ама и без желбите што сите си ги посакуваме. Кои се твоите желби за Навата 2022 година?
Пајак: Па моите желби се скромни. Не посакувам ништо посебно, освен здравје, среќа и многу нормално љубов.

Музика24: И за крај… Која е новогодишната порака која би ја упатил до твоите фанови и читателите на музичкиот портал Музика24?
Пајак: Бидете здрави, живи, успешни и никогаш не се откажувајте од своите соништа, без разлика дали станува збор за музика или некое друго поле во животот. Кога тогаш сите коцки ке си дојдат
на своето место.
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
