На само два дена до големиот долгоочекуван, екстравагантен и спекатакуларен концерт во Скопје (19-ти октомври, сабота) на Балканската мегаѕвезда и естрадна модна икона, најпровокативната и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша, ние од македонскиот музички портал Музика24 го објавуваме ексклузивното интервју направено за време на прес-конференцијата во Скопје.
Што таа предконцертно ексклузивно одговори за Музика24, прочитајте во продолжение…
Музика24: После се што поминавте во животот, дали Јелена Карлеуша е среќна жена?
Јелена Карлеуша: Дали сум среќна жена? Па мислам дека би било навистина себично и не во ред од моја страна ако кажам дека не сум. Да, не сум среќна жена. Јас ги имам сите причини да бидам среќна, бидејќи луѓето се среќни со многу помалку од она што јас го имам. А вообичаено она што го имаш, поаѓајќи од себе, човек секогаш сака уште и уште и уште… Не можам да кажам дека себе си се сметам за среќна жена. Не, не сум среќна жена! Што значи денес да бидеш среќен? Кој е среќен, кој? Јас имам среќни моменти… Кога би морала да одговорам на ова прашање, кога би можела да се вратам 30 години наназад и повторно да ја започнам мојата кариера… подобро да ме убиете. Никогаш не би се вратила, никогаш. Никогаш не би сакала да го поминам она што досега го поминав. Така да тоа отприлика би бил одговорот на прашањето дали сум среќна (се смее). Ниту една жена нема заслужено таков пат, па така најверојатно би работела нешто сосема друго, на пример, би била секретарка.
Музика24: Имате голем број на песни, видеоспотови, хитови кои се балкански познати. Која е Вашата омилена песна онака за срце ставена, автобиографска?
Јелена Карлеуша: Има многу балади, нели ние жените сме онака… што би кажале во Србија „плачи пизде“. Ние ги сакаме баладите и оние љубовни песни „Ко ову драму режира“, „Мој драги“, „Тихи убица“, „Не смем да се заљубим у тебе“, „Рунде“… тоа се баш тешки песни, но ајде да се свртиме и кон среќата, имам јас и убави и среќни песни „Слатка мала“, „Машала“, „Иде маца око тебе“, „Инсомнија“… и многу многу други песни се баш онака гас. Тоа сум се јас.
Музика24: Дали сите овие песни кои веќе ги споменавте ќе ги чуеме на скопскиот концерт?
Јелена Карлеуша: Да, апсолутно. Вие ќе чуете една сублимација, една неверојатна приказна за целата моја кариера и се она што досега го имам постигнато и работено во еден фантастичен концерт. И продукциски и идејно, емотивно… и во секоја смисла модно и сценско, танцувачко, перформанс… во секоја смисла, а најбитно е идејното. Ова не е обична тезга или обичен концерт, ова претставува концерт кој што има концепт. Концерт кој е поделен во пет дела и секој дел си има своја приказна, но ќе морате да дојдете за да го погледнете концертот. Јас многу би сакала да има од оние кои се сомневаат кога ќе дојдат. Бидејќи јас знам дека никој нема да остане рамнодушен.Тоа е сигурно.

Музика24: Неодамна се појавивте во лајф кај познатиот српски јутубер Бака Прасе. Знаејќи дека пред извесен период се хејтавте меѓу себе што се случи во меѓувреме? Како ја смиривте топката?
Јелена Карлеуша: Јас се хејтам со сите додека не се докаже спротивното (се смее). Всушност, сите ме хејтаат мене, јас ги хејтам нив додека не се засакаме. А што се случи? Ме запозна. Тоа е таа моја замка. Бидејќи луѓето не можат да ме мразат кога ќе ме запознаат. Тука сум најсилна, кога ќе ме запознаеш не можеш а да не ме сакаш. И тука веднаш ги расипувам плановите. Неговата идеја впрочем беше јас да се појавам во тој лајф тука не знам што требаше да се случи и што требаше тој мене да ми покаже и што имаше смислено итн, а всушност се случи „иде маца око тебе“. Тој беше пресладок, ми имаше подготвено подароци, се имаше напиено и не знаеше каде удира, заедно заработивме многу пари кои потоа и дадовме во хуманитарни цели, покажа дека знае да свири на пијано… тој покажа дека е многу добро момче и дека не е воопшто онаква будала како што тој се претставува туку напротив дека е многу интелегентен и многу способен и дека од ништо знае да направи пари и дека е многу хуман. Беше и дарежлив, добив баш интересни супер подароци така да се надевам дека пак ќе ме повика (се смее). И тоа е тоа. До некаде се приближив до неговата публика, тоа е таа млада и нова публика, која не ме познава на тој начин, а сега конечно како и Бака Прасе и таа публика ме запозна. Мислам дека го има сменето мислењето за мене, патам ми кажа се заљубил. Но неговата заљубеност е многу дискутабилна и секако во тоа не може да се верува пред се мислам дека нешто друго почувствува да не спомнувам сега што… но дека му се допаднав, тоа е дефинитивно.
Музика24: Значи во идниот период можна и заедничка соработа со Бака Прасе. Можеби заедничка песна, видеоспот?
Јелена Карлеуша: Многу интересна идеја со оглед на тоа дека тој е многу музикален и страшно многу популарен кај децата и таа публика. Инаку, не знам дали знаете но тој лајф со Бака Прасе е нагледаниот и најследениот лајф на Балканот кој воопшто некогаш се случил. Тоа е нешто навистина неверојатно и мислам дека треба да се искористи тој чудеј спој. Ние двајцата сме страшно чуден спој. Да се спои неспоивото од некоја чудна причина и одлично да функциоинира е навистина магично. Зошто да не, и некогаш некоја болно-магична песна. На пример, тој ми ја пушти неговата прва песна „Први секс“, јас морав да се воодушевам така да би можеле да направиме нешто многу подобро, „Тречи секс“.
Музика24: Зад себе имате голем број на дуети со голем број на познати музички имиња. Милица Павловиќ, Азис, Аца Лукас, Саша Матиќ… Дали некој од тие хит рефрени ќе ги слушнеме на скопскиот концерт на 19-ти октомври, и дали на концертот ќе имаме прилика да погледнеме музичко изнандување со некое познато македонско музичко име?
Јелена Карлеуша: Она што можам да го кажам како изненадување за публиката е дека ќе имаме македонски музички ѕвезди на концертот. Не би можела да откријам кои се тие, бидејќи сепак се изненадување. Но знам дека ќе биде многу интересно и возбудливо што токму тие ќе бидат заедно со мене на сцената. Во секој слушај познавајќи ја македонската публика, знам дека нема да се разочара. Се од она што мислат и претпоставуваат дека ќе биде и ќе се случува на саботниот концертот, верувајте, ќе добијат многу повеќе од тоа. Тоа е сигурно, бидејќи јас сум вистински лав и јас секогаш сакам да е онака баш спектакуларно.

Музика24: Бидејќи подготвувате вистински спектакли, перформански за кои долго време се зборува, што е она што македонската публика може да го очекува во сабота на 19-ти октомври на концертот?
Јелена Карлеуша: Генерално, македонската публика, освен кога станува збор за Белград и оние поголемите концерти, пејачите кога доаѓаат во Скопје некако тоа го одработуваа не со пол гас – колку да се одработи, а мене ми е желба со концертот во Скопје да покажам на целиот регион што јас всушност имам подготвено за турнејата. Бидејќи јас започнувам од Скопје. Мене од скопскиот концерт се ми зависи, така да во Ваши раце е мојата иднина, мојот живот, мојата среќа (се смее). Така да ако вие ме подржите и ако тие фотографии, видеа, рилсови бидат онакви како што јас знам дека ќе бидат, вие ќе ми дадете ветер во грб да му покажеме на целиот Балкан што јас ќе умеам и знам да направам и на концертите кои што следуваат во останатите главни градови. Ова е многу скапа продукција, премногу бара, неисплатлива… секогаш ми се лутат организаторите и менаџментот кога тоа го велам но тоа е едноставно така. Македонија и сите ние останати на Балканот не сме богат народ и не можеме како на пример во Англија или Америка да ги наплатиме влезниците. Еве на пример јас на мојата ќерка и нејзината најдобра другарка им купив влезници за концертот на Тејлор Свифт. Буквално мојата ќерка ме ограби. А бидејќи веќе имав ветено, не можев да кажам дека нема и дека не сакам. Колку јас платив четири карти за концертот на Тејлор Свифт? 4 карти за 3.000 или 4.000 илјади евра. Тоа беше нејзин роденденски подарок. И кога ми кажа дека веќе картите се пуштени во продажба и тоа не било каде, туку тие тебе ти кажуваат за каде има слободни влезници за продажба. Имаше во Цирих. Па морав да купам авионски карти, хотел, но влезниците беа 4.000 евра. Со тој буџет и таа цена на влезници јас тука на концертот на секој присутен би му подарувала по 100 евра, на пример. И сега си мислам, јас со овој мој буџет за концерт кој го имам, правам светска приказна. Они со мојот буџет би можеле само да се занимаваат со земјоделска работа, бидејќи тие со мојот буџет кој што јас го имам не би можеле да направат ниту третина од она што јас го правам. Нивните буџети се такви да само кретен не би можел да направи спектакл бидејќи тие имаат милиони кои ги вложуваат во свој концерт. Лесно е со милиони да направиш да изгледаш совршено, се да пршти, да пука, многу танчери на сцената… умешноста е со ефтина цена на влезницата, со мал буџет да направиш од „шупливо во празно“ а истовремено да направиш да делува дека е буквално се на едно светско ниво. Јас повторно ќе речам, тоа се такви цени на влезниците така да таму се исплатува и човек да ги влече каблите за време на концертот на Тејлор Свифт. Веројатно тие многу повеќе заработуваат од мене. И повторно ќе се навратам, да го имаат мојот буџет, Тејлор Свифт не би била Тејлор Свифт.
Музика24: Велат дека сте геј икона на Балканот. Така велат. Како се носите со тоа признание и дали Вашите македонски геј фанови (кои веруваме ги има во голем број) ќе ги изненадите со некакво изненадување на сцената или слично?
Јелена Карлеуша: Сешто може да се случи. Кога е во прашање ЛГБТ популацијата сите тие се мои верни и „ватрени“ фанови и тие се дефинитивно моја голема поддршка. Некаде во друштвото и општеството мојот и нивниот статус своевремено беше речиси ист. Тоа некое балканско недоразбирање, предрасуди и слично… но растеме заедно, голем и долг пат поминавме заедно. Многу работи се променија. И еве не денес многу послободни за разлика од она во минатото, многу посилни, многу свесни и посамоуверени и послободни, ако можам така да кажам. Јас после 30 години кариера дури сега се чувствувам слободна и ја имам целата сила на овој свет да ја покажам новата Јелена Карлеуша. А човековите права, правата на заедниците, малцинствата, права на жените, ЛГБТ правата, права за животните… тоа е нешто со кое што одсекогаш сум се занимавала, и нешто со кое што можеби и заскогаш ќе се борам, ангажирам и бавам. Тоа е она што мене лично ме допира, ме погодува и несреќа и неправда од било која врста на луѓето или животните е моја должност како јавна личност да го свртам вниманието на тоа нешто.
Музика24: Дали на крајот од концертот ќе ги исклучиме апаратите и ќе викаме Машала?
Јелена Карлеуша: Машала ќе викате сигурно (се смее), се потрудив да биде машала. Но нема да ги исклучите апаратите, мислам дека пред се ќе ви снема батерија на апаратите, бидејќи ќе ви ги дадам сите можни причини многу да фотографирате, и многу да снимате. И да ме тагирате и да ми ги испратите снимките како би ги имала за спомен, а воедно и целиот Балкан да погледне што всушност се има случено за време на концертот. Вие ќе бидете моите медиуми и Вие на целиот Балкан ќе му покажете што се случило и што ги очекува.
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
