Имам нешто да те прашам

Музичарот Сергеј Попоски за учеството на фестивалот Smotra во Ново Село

Еден од најпознатите музичари и естрадни уметници во Прилеп, Сергеј Попоски,  учествуваше на фестивалот Smotra што се одржа на 5 Мај во Ново Село.

Имено, Попоски непосредно пред синоќешниот настап со музичката група The Doctors за медиумите даваше изјава, а ние не прескокнавме и го прашавме неколку прашања за фестивалот.

Во продолжение краткото интервју што нашиот дописник oд Прилеп, Христијан Ангелески го направи со Попоски.

Музика 24: Сергеј, во месец Мај оваа година учевствуваше на фестивалот Smotra во Ново Село, што ќе кажеш за фестивалот?

Сергеј Попоски: Smotra фестивалот беше сосема неочекуван. Предлогот го добив од Огнен Неделкоски, кој ми испрати порака на месенџер во која пишуваше „Можеш да настапуваш на фестивалот“ и ми беше чест што стапив во контакт со нашиот пејач кој сите добро го познаваме Трајче Ѓорѓиев. Тој фестивал беше многу убаво организиран, организацијата беше сосема топ, а градоначалникот на Ново Село многу убаво го организира нештото и тоа беше навистина едно преубаво доживување.

Музика 24: Сергеј ти ја освои втората награда на фестивалот. Што за тебе значи таа втора награда и нешто повеќе да ни кажеш за песната која што ја отпеа на Smotra фестивалот?

Сергеј Попоски: Второто место не е воопшто за потценување и понижување, но јас мислам дека второто место е мотивација за и да паднеш повторно да станеш. Песната е Sign of the Times од Harry Styles. Како што на повеќе интервјуа имам кажано дека огромен фан сум на Harry Styles и на сите негови песни, но Sign of the Times e една песна што мене дефинитивно ме допре многу душевно, а мене доколку душевно ме допри песната тоа е како два светови да се поврзуваат. Јас си дадов се од себе си, кога настапував се’ замислив но си реков „Искажи ги сите емоции, твоја е сцената“

Музика 24: Кој се беше во жири комисијата на Smotra фестивалот и какви коментари доби од нив?

Сергеј Попоски: Во најголем дел во жири комисијата беа наши македонски естрадни уметници, но кој се беше во жирито не се сеќавам добро. Најдобро се сеќавам на коментарот од Спасен Сиљаноски, на кој не му се веруваше на делот за фалсетот. Сиљаноски чекаше да заврши песната за да ме натера повторно да испеам дел од песната за да слушне дали е playback или во живо го пеам тој дел.

Музика 24: За крај! Како е да пееш во лето односно во летните жешки температури?

Сергеј Попоски: Предизвикувачки е да пееш во најжешкото иако денес беше најжешко. Жешкото време држи и во вечерните часови, ќе се бориме со таа жештина и нема да не спречи.

Во продолжение слушнете ја Sign of the Times во изведба на Сергеј Попоски и уживајте!

Интервјуто го подготви и уреди: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: