Една од младата генерација која цврсто гази на македонската музичка сцена, иако доста добро се докажа како артист сепак не застанува, а со тоа започна со снимање на нејзиниот нов сингл кој е во подготовка.
Во интервјуто дадено за нашиот портал го даде својот став околу музиката и воопшто кој се нејзините гледишта, но и што е тоа што треба да поседува еден професионален изведувач. Во продолжение прочитајте за што се говореше младата и позната поп пејачка Наталија Славева.
Музика24: Колку македонската музика придонесува за промоција на младите артисти?
Наталија Славева: Во последно време се повеќе се појавуваат млади и надежни артисти, кои што го бараат местото на македонската естрада. Според мене во последно време има стагнација во музиката, но тоа не значи дека и во иднина ќе остане така.
Музика24:Во кој жанр на музика се пронаогаш?
Наталија Славева: Јас изведувам и се пронаоѓам во поп или поп-рок музиката која што воедно ми е и омилена.
Музика24: Знаеме сите дека во шоу бизнисот важен е и стајлингот, дали ти на прв план ја ставаш изведбата на сцена или само тоа што же го имаш на себе?
Наталија Славева: Многу нормално дека секој човек сака да изгледа добро без разлика дали се занимава со јавна професија или не. Посебно ние артистите сме нон-стоп под лупата на медиумите и затоа мора да бидеме добро средени. Што се однесува до мене јас повеќе преферирам добар, глас и ненападен стајлинг, бидејќи како што се вели добриот глас надалеку се слуша.
Музика24: Колку време се занимаваш со музика?
Наталија Славева: Со музика се занимавам веќе 4 години професионално, но одкога знам за себе пеам, на локални манифестации.
Музика24: Дали си учествувала на некој поголеми настани, фестивали досега?
Наталија Славева: Имам учествувано на “Скопскиот фестивал – Избор на песна за Евровизија” во 2011-та година, “Макфест” во 2011-та и “Макфест” во 2012-та.
Музика24: Кој се твоите лични достигнувања на музички план во смисол освоена награда надвор од Македонија.
Наталија Славева: Досега немам освоено награда надвор од Македонија, бидејќи немам настапувано, но имам освоено второ место од телеволтинг на Изборот на песна за Евровизија во 2011-та година и второ место за дебитант на “Макфест” истата година.
Музика24: Дали сметаш дека секој изведувач треба зад себе да има голем тим кој ќе се грижат за еден артист или се е тоа прашање на самиот поединец?
Наталија Славева: Не мора да значи дека ако до изведувачот има цела армија од тим кој што се грижи за него ќе биде успешен. Доколку тимот е мал, но добар и знае да се снајде во шоу бизнисот, артистот може многу да просперира.
Музика24: Што музика слушаш приватно?
Наталија Славева: Приватно слушам скоро се, но многу сакам рок музика, поп-рок како што споменав погоре, сакам џез и слични на нив. Но не ми заостануваат и најновите светски хитови.
Музика24: Имаш снимено дует со некој од македонската естрада?
Наталија Славева: Имам снимено дует со драг пријател и мој текстописец на неколку од моите песни Дарки, тоа е песна која што е наша автобиографска “Чувај ме”.
Музика24: Колку балканската музика влијае врз македонската публика кога е во прашање турбо фолкот?
Наталија Славева: Се повеќе забележувам дека дискотеките и кафаните се исполнети со овој тип на музика. Балканската музика влијае и тоа многу. Јас лично немам ништо против овој тип на музика, но кога би ме прашале дали би ја слушала мојот одговор е дефинитивно не!
Музика24: Во светот посебно светските ѕвезди сметаат дека еден артист треба да е изложен на секакви напади од медиумите, дали ти го делиш истото мислење со нив?
Наталија Славева: Во ред е да се интересираат медиумите за артистите, некогаш помалку некогаш повеќе, но да им бидат нон-стоп на тапет според мене не е во ред. Затоа што како и секој нормален човек и ние си имаме свој приватен живот кој сакаме да го живееме без грижи за тоа дали некој нешто ке каже или објави за нас.
Музика24: И за крај на ова наше интервју, кажи ни што подготвуваш ново во иднина?
Наталија Славева: Во моментов баш и немам време за нешто ново, моментално сум зафатена со обврски на факултет, но се разбира не значи дека нема да излезе нешто ново. Затоа драги пријатели слушајте македонска музика и очекувајте нов хит!
Интервјуто го подготви: Редакција Музика24
