Имам нешто да те прашам

Новогодишно за Музика24: Ѓоко Ѓорчев

Ѓоко Ѓорчев, познат македонски пејач. Вели дека новогодишните и божиќни празници ги обожува, што друго тој открива за читателите на музичкиот портал Музика24, читајте во продолжение…

Ѓоко Ѓорчев: Новата година и божиќните празници ги обожавам. Месец декември е полн со празнични денови, а посебно 25-ти декември кога е католичкиот Божиќ, бидејќи јас сум католик па тоа за мене е посебна вечер. Се разбира, го чекаме и православниот Божиќ поради сопругата и децата. Како и да е божиќните и новогодишни празници ми се посебно нешто и многу им се радувам.

Што се однесува до верувањето во Дедо Мраз и новогодишната прослава и дочекот на Новата година, пејачот Ѓорчев вели: 

Ѓоко Ѓорчев: Можеби сето ова има големо влијание од моето детство кога со голема радост и среќа, заедно со моите родители сме ја чекале Новата година, сме пееле божиќни песни како “Тиха ноќ света ноќ” и многу други. Тоа беа прекрасни денови во моето семејство. Што се однесува до Дедо Мраз, секогаш сум веруваш или пак сум сакал да верувам дека постои Дедо Мраз и секогаш наутро со мојот брат одевме да видиме што ни донел, да тоа беа прекрасни времиња. Јас Новата година скоро секогаш сум ја чекал дома. Тогаш ги откажувам сите настапи и сакам да бидам со семејството во таа прекрасна ноќ. Кај нас секогаш имало богата вечера, а најмногу сакам сарма и свинско печеногарнирано со печурката вргањ, и се разбира убаво вино и многу салати, бидејќи едноставно во фамилијата обожаваме салати. Што се однесува до музиката ова година беше убава година. Со Кате од “Нели ти реков” ја снимивме култната “Земјо моја” која ќе ја промовираме во новата година. Морам исто да ја спомнам песната која ја отпеав, големиот евергрин на Том Џонс “I’ll never foll in love again”, песна која многу ја сакам и многу емоции дадов во мојата интерпретација, песна која е вечна.

А што ќе каже тој за македонската и светска сцена… 

Ѓоко Ѓорчев: Што се однесува до светската музичка сцена нешто посебно не би издвоил. Ја следев турнејата на Том Џонс кои на, своите години направи фантастични концерти низ Европа. Во Македонија ништо ново. Имаше неколку убави песни и спотови, но сепак е треба малку повеќе да се инвестира во македонската музика. Искрено, ни фалат хитови се надевам дека во новата ќе имаме повеќе хитови. Ми се допадна песната на Тамара што ја отпеа на Евровизија, одлична песна и интерпретација.

Што вели пејачот Ѓорчев за своите планови за 2020-та година, како и на кој начин планира да ги изненади своите фанови следната година…

Ѓоко Ѓорчев: За 2020-та година имам повеќе планови. Како прво голем концерт во Скопје во март, и една авторска песна која ќе биде промовирана пред летото и се разбира песната со Кате “Земјо моја”. На сите мои пријатели, фанови и сите добри луѓе им посакувам пред се многу здравје, среќа, радост и берикет во новата година. Им посакувам да се живи и здрави и повеќе да слушаат македонска музика. Исто така, на Вашата редакција и сите кои работат и пишуваат во музичкиот портал Музика24 Ви посакувам многу среќа и здравје, и уште многу успешни интервјуа и со задоволство Ве поканувам на мојот концерт.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: