Имам нешто да те прашам

Тракер: Се што посакував за оваа година ми се оствари (Фото+Видео)

Тој е познат трап артист кој што активно се занимава со музиката од 2009-та година. Од 14 години станува првиот ексклузивец на “Урбан Рекордс” и од година во година продуцира голем број на битови, песни како за себе, така и за многу други артисти. Има настапувано со голем број на познати македонски и балкански артисти како што се легендарниот Афу – Ра, Криско, Слаткаристика, Бед Копи, Тита, Павел и Венци Венц, Дара и CIA. На минатогодишните “Хип-Хоп награди” со гордост ја понесе наградата за “Најдобро рап видео 2018” со спотот на песната “The GOAT”. Изминатиот период е многу активен и зад себе има голем број на познати песни, а моментално е актуелен со онаа најновата, таа која што секојдневно ја слушате на радиостаниците, на YouTube… насекаде… “Црна мечка” заедно со Таско. По само неколку дена од пуштањето на видео спотот, истиот се најде на местото број 1 на трендинг листата. Моментално е на местото број 5.

Да, тоа е Тракер, момчето кое вчера го прославуваше својот 25-ти роденден. Пост-роденденски Музика24 на овој начин му го честита роденденот и му посакува, освен многу здравје и успех во она што го работи, и многубројни хитов, во што секако не се сомневаме.

Во продолжение… новогодишното интервју со Тракер…

Музика24: Наближуваат Новогодишните и Божиќни празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радуваш на целата предновогодишна и празнична адмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Тракер: Се радувам, одмарам, јадам, пијам и со нетрпение чекам да ја испратам старата и дочекам новата година. Out with the old, in with the new.

Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Тракер: Кога бев мал му поставував стапици за да го фатам но, кога немаше ништо од “дедото” моите мораа да ми соопштат дека не постои хахаха (се смее).

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале. Дали можеби како дете си оставал празни новогодишни чорапчиња и си го чекал подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Тракер: Не му оставав чорапи, го чекав на врата и пратев се што се случува надвор преку шпиунката.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за дочекот на Новата година? Подготвуваш специјалитети, сакаш да уживаш во прошетките со најмилите, купуваш подароци…?

Тракер: Секако, секоја година ги радувам моите чеда со подарок… бар по пакетче.

Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се ти е битно добро друштво, забава и музика… или пак онака домаќински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, шала, смеа и потоа секако некој добар новогодишен филм?

Тракер: Секоја година успеваме двете варијанти да ги споиме во една.

Музика24: Како и на кој начин ги изненадуваш саканите за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакаш да го подариш, и што е она што тебе би те изненадило како подарок?

Тракер: VW SCIROCCO (спортски автомобил)

Музика24: Што всушност за тебе претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Тракер: За мене претставуваат денови во кои сите се присутни на една едномесечна журка.

Музика24: Како, каде и на кој начин ќе ја испратиш 2019-та, а ќе ја дочекаш Новата 2020-та година?

Тракер: Со топло какао, аривидерчи 2019 година.

Музика24: Кој е според тебе настанот од областа на музиката кој што ја одбележи 2019-та?

Тракер: Спектакуларниот концертот на Таско, Раста, Римски и Корона во “А1 арена”.

Музика24: А кој е пак според тебе хит песната која што на некој начин ја одбележа 2019-та година и видео спотот кој што ти остави најголем впечаток?

Тракер: “Црна мечка”.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се твоите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакал да ти се случи, оствари и реализира на приватно поле и во полето на музичката кариера?

Тракер: Се што посакував ми се оствари. Во 2020 го посакувам истото… само на поголема врата.

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакале на твоите фанови, подржувачи, како и читатели на музичкиот портал Музика24?

Тракер: Останете во школо и ве поздрави Таско!

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: