Имам нешто да те прашам

Звонко Пекевски – Градоначалник на Општина Берово: Следното 15-то јубилејно издание на “Етно плоштад фестивалот” со голема музичка ѕвезда сакаме да оставиме трага и круна на досегашното организирање на оваа манифестација (Фото)

Општина Берово е познато и преубаво македонско туристичко место. Во текот на целата година се бара место повеќе. Според последниот попис Берово има 10.890 илјади жители и се простира на површина од само 595 километри квадратни. И покрај тоа што не е густо населена, во Општина Берово неодамна се одржа 14-то издание на традиционалниот и веќе надалеку препознатлив “Етно плоштад фестивал” кој во центарот ги собира не само жителите на ова место, туку и посетителите и туристи од разно-разни градови и места кои наменски доаѓаат, кои имаат желба и сакаат да бидат дел од еден ваков интересен и позитивен настан во малешевијата.

Во преубавиот амбиент на хотел и ресторанот „Манастир“, како единствен акредитиран медиум на оваа манифестација имавме ексклузивна можност и привилегија да поразговараме со Градоначалникот на Општина Берово Г-нот Звонко Пекевски кој заедно со својата неуморна и вредна администрација се “главни виновници” за одлично организираниот фестивал кој ќе остави спомени и трајно сеќавање на сите присутни посетители и туристи.

Музика24: Колку години постои и традиционално се одржува “Етно плоштад фестивал” и саемот на традиционални домашни производи “Малешевијата на дланка” во Општина Берово и колку е тешко да се одржи таа традиција долги години?

Музика24: Со оглед на тоа дека Општина Берово важи за убаво туристичко место во Македонија, колку сте задоволни од посетата и од Берово како туристичка дестинација?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Ценам дека покрај овој фестивал што го организираме најчесто околу големиот празник Успение на Мајка Богородица, организираме и низа други настани со кои го привлекуваме туристи, ако не од страна тогаш барем туристи од регионот кој го посетуваат Берово. Имаме одредени настани од областа на културата во текот на целата година, меѓутоа, овој е најголем. И одредени спортски натпревари кои исто така влијаат врз јакнењето на локалната економија и поддршката на туризмот. Значи практично според она што го имам како информација е дека сите туристички капацитети се исполнети во градот. Што само по себе кажува тоа дека и те како дава своја поддршка. Сето ова успеваме да го направиме со нашата вредна администрација, со бизнис секторот како и со давателите на тие услуги се со цел да можеме заеднички да бидеме задоволни. А истовремено и туристите на својот календар за вгодина повторно го имаат Берово како датум или период во кој ќе се случуваат одредени настани од каде би заминале со импресии и трајни и убави незаборавни спомени до следната година кога повторни би биле наши гости.

Музика24: Пред да дојдеме во Берово истражувавме и сфативме дека освен овој голем музичко-забавен настан во текот на годината во Берово имате разно-разни активности, манифестации и случувања. Можете ли да ни ги кажете активностите во текот на годината за да ги запознаеме нашите читатели со она што и како организирате и кој настан во кој период се случува?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Сите тие настани се опфатени во програмата за култура и програмата за спорт кои се носат на крајот од претходната буџетската година за наредната буџетска година. Првиот настан кој што се одбележува во текот на годината кој што е пошироко афирмиран е настанот Ратевски карневал – Бамбурци во село Ратево. Овој настан е многу посетен и е на отворено иако зимно време знаете кај нас во јануари температурите можат да дојдат и до -20 степени. Овој карневал е заштитен знак на Ратево и Малешевијата. Потоа продолжуваме, зависно од календарот, со настан на сам ден Велигден каде што свој целодневен концерт има КУД Димитар Беровски од Берово. Градот е преполн. Овде своја каректеристика има изборот на најцврсто јајце, значи се пријавуваат дечиња, млади, ентузијасти кој имаат цврсто јајце. Ние тоа кај нас го велиме качор. Се кршат меѓусебно и едно останува најцврсто и истиот тој пријавен има обврска да го скрши пред публиката за да се види дека е обично природно јајце. И тука општината дава одредена парична награда, едноставно ги мотивираме граѓаните. Потоа продолжуваме веќе со Трујчинденски Русински средби во село Русиново во организација на месната заедница со поддршка на Општина Берово. Подоцна, почетокот или веќе средината на јуни го организираме спортскиот настан во мал фудбал. Имаме поголем број на учесници, годинава требаше да биде од меѓународен карактер но заради дел од повредени играчи учесниците кои требаше да гојдат го откажаа своето учество. Продолжуваме со манифестацијата за ден Илинден – Владимирски Илинденски средби кои се одржуваат во село Владимирово исто така со опддршка на општината. И веќе на крајот од летото завршуваме со настанот за Успение на Света Мајка Богородица или едноставно во има на празникот го спојуваме и денот на градот Берово. За најмалите дечиња кон крајот на годината имаме уште една претстава пред Нова година заедно со детската градинка и на тој начин отприлика ја затвораме годишната програма на сите тие настани кои го одбележуваат или го карактеризираат Берово како општина.

Музика24: Вчера вечер (на втората вечер од “Етно плоштад фестивалот”) забележавме дека плоштадот беше исполнет, а манифестацијата доста посетена. Каков е културниот живот во Општина Берово со оглед на тоа дека станува збор за мало туристичко место?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Прашањето Ви е навистина на место. Берово како мала општина нема некој силно изразен културен живот и се обидуваме како општина во текот на годината да донесеме некоја театарска претстава, да внесеме некои новини и да го зајакнеме културниот живот, имајќи предвид дека немаме театар и немаме соодветна сала за таа намена. Кино веќе знаете, со оглед на навиките тоа никој не го прави. Она што можеме и за кое се залагаме заедно со Одделението за јавни дејности при општината се секако Домот на културата и образовните институции да го понудиме она што во мометот го можеме. Да Ви каќам искрено сите тие културни манифестации кои ги организираме се доста посетени. Што се однесува до “Етно плоштад фестивалот”, имаме таков развиен концепт да првата вечер настапуваат сите Културно уметнички друштва од сите збратимени општини и општини со кои соработуваме. Да го покажеме различниот карактер на фолклорот, нели, обележјето на една општина, на една земја и регион. Во склоп на првата вечер секогаш се вклучува и детскиот фестивал Малешевско ѕвонче под вотство на Г-нот Дарко Димитриевски, наш роден беровчанец кој што живее и работи во Скопје. Вообичаено се пејат песни за регионот и Берово за возраста на дечињата. Веќе втората вечер, концепски беше посветна на македонски изведувачи. Да си ја претставиме и промовираме нашата македонска музика и да ги подржиме нашите музички ѕвезди. Годините наназад за да побудиме поголем интерес кај публиката и граѓаните настојуваме да донесеме некоја позната балканска ѕвезда која ќе примами повеќе туристи барем во овој период. Таа музичка ѕвезда е поголем буџетски издаток, но наменски им носи приход на повеќе сектори барем во овој период од годината. Од друга страна ја јакне локалната економија, даноците, придонесите… Во тој период создаваме буквало едно големо задоволство и секако, посетеност на градот која пред завршетокот на годишните одмори и прењд почетокот на учебната година е едноставно врв.Веќе од 1.09 влегуваме во еден друг процес кога реално спласнуваат сите активности и се враќаме во нормала и редовно работење надвор од овие летни ангажмани и активности.

Музика24: Кажете ни како и на кој начин го проверувате вкусот на Вашите сограѓани, во смисла кои артисти и кои музички гости да ги повикате на “Етно плоштад фестивалот”?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Кога станува збор за македонската музика настојуваме преку неколку години да ги ротираме музичките ѕвезди, да не се случува една иста група или изведувач да настапува секоја година по ред па луѓето да се заситат. Сакаме да дадеме шанса на повеќе млади изведувачи, дел веќе афирмирани. Што се однесува до изборот на балканска музичка ѕвезда вообичаено користиме анкета, таа е на интернет на нашиот сајт отворена одреден период, неколку дена до недела дена кога може секој граѓанин да даде свој предлог или само еднаш да гласа за нашите понудени предлози на музички гости. И на тој начин, доколку сме во рамките на нашиот буџет разговараме со менаџментот на таа музичка ѕвезда и таа веќе е дел од нашиот фестивал.

Музика24: Следната 2025-та година е јубилеј на “Етно плоштад фестивалот”. 15 години како го организирате овој голем настан. Дали сте размислувале и имате идеја на пример да викнете некоја голема музичка ѕвезда од рангот на Лепа Брена, Светлана Цеца Ражњатовиќ… и заедно со Вашите парнери и соработници, генерални спонзори и воопшто бизнис секторот во Берово да ја означите годината и да направите вистински бум и прослава за која со денови и ќе се зборува и ќе се пишува?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Ние како општина, доколку тоа би бил избор на граѓаните… во моментов не сме во можност тоа да го исполниме, бидејќи сумата за поканата на музичките имиња кои ги споменувате би чинело колку што чини денес целата организација на фестивалот. До колку најдеме спонзори кои тоа би го поделиле и заеднички би го финансирале би можеле да влеземе во една таква соработка каде сите би биле општо задоволни. Сме размислувале, кој не сака да биде и поубаво и попосетено… меѓутоа реално да бидеме искрени не знам дали би ги имале тие просторни капацитети народот да го собереме. Сме имале искуство минатите години кога кај нас како големи музички ѕвезди гостуваа Здравко Чолиќ, Северина… Јас искрено би сакал како граѓанин, како градоначалник, меѓутоа сепак тоа зависи од нашите можности така ги конципираме и планираме музичките гости.

Музика24: Со оглед на тоа дека во Македонија се смени политичката гарнитура (централната власт), дали очекувате опструкции во Вашата работа и во веќе започнатите проекти кои што ги работите, бидејќи нели знаеме дека сте од другиот политички табор?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Видете, јас ценам дека некои работи во државата се надминати лично, јас така ценам а дали е тоа така ќе ни покаже времето. И едната и другата политичка гарнитура ги гласа истиот народ. Значи безсмислено е да се кочат процеси во кои народот еднаш на едните другиот пат на другите им дава поддршка. Ценам дека иако има промена јас не очекувам да има кочење, едноставно треба да бидеме партнери бидејќи сето она што заеднички го правиме, го правиме за истите тие луѓе. Кои милуваат или потекуваат од различни политички провиненции. Ама квалитетот на живот на сите заедно ни значи. Направената улица, изграденото улично осветлување, направениот тротоар, направената водоводна мрежа или било каква комунална структура е од интерес на сите граѓани. Значи нема потреба од опструкции, но да оставиме на времето. Во најава се проекти кои како што ветија од централната власт нема да бидат селективно доделувани. Времето ќе покаже како ке се одвиваат тие процеси.

Музика24: Колку време сте Градоначалник на Општина Берово и дали на следните локални избори имате желба повторно да се кандидирате?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Јас сум градоначалник од 17 октомври 2017-та година. Веќе два мандати, ова е веќе седма година во континуитет. Инаку се уште е рано да размислувам да се кандидирам за уште еден мандат. Ценам дека сега треба да ни е приоритет да ги завршиме оние проекти кои се веќе започнати, да ги сработиме квалитетно па граѓаните ќе препознаат. Не треба да ги врзуваме изборите за личност, туку за понуда. Ако имам подобра понуда, нова, млада треба да се даде шанса и поддршка.

Музика24: Што очекувате од вечерашната последна вечер на “Етно плоштад фестивалот” и што потоа?

Градоначалник на Општина Берово Г-дин Звонко Пекевски: Нашите очекувања се да имаме зголемена посетеност (за што искрено не се сомневаме), да тој настан остане како траен спомен на посетителите и туристите за да биде мотив повеќе за вгодина повторно задоволни од организацијата, од понудата, од посетата, од приемот… Во Берово повторно да се навратат. Нашата тенденција е тие луѓе, тир туристи и посетители да се навраќаат во Берво во повеќе прилики. За различни намени. Инаку верувам дека оваа последна фестивалска вечер ќе ја заокружи магијата што ја носи со себе самиот фестивал и сиот ангажман и она што Берово го нуди како можност и верувам дека по 14-ти пат ќе покажеме одлична организација, добра туристичка понуда… нашата љубезност, нашата можност да му излеземе во пресрет на секој еден посетител за да тоа биде и остане еден траен спомен и нов потик и мотив да повторно наврати во Берово и на тој начин да ја јакнеме нашата локална економија и орентацијата кон туризмот како наша приоритетна основа туристичка гранка во Малешевијата во периодот кој што следи.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Фото: Андреј Бубевски

Можеби ќе ве интересира: