Битолскиот камерен орекестар најави турнеја низ Македонија и регионот. Битолчани ќе настапат со “Рок симфони” на “Башчаршиски ноќи“ на 7-ти јули во Сараево, БиХ. На 10-ти август на “Нишвил” во Ниш, Србија. Следниот ден на 11 август во “Rock Village“, Банатски Сокалац, Србија. Следува настапот на фестивалот “Охридско лето“ на 16 август на сцената на Долни Сарај и турнејата се завршува на 17 август со настап во склоп на “Битфест“ во пациото на музејот во Битола.
На концертите во Охрид и Битола, специјален гостин ќе биде Влатко Стефановски
Подготви: Филип Етмишовски
