Културо

“Егзит 2017 – Поврзување на континентот” во Неготино

Во центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино на 4-ти април во 11:30 часот ќе биде отворена изложбата “Егзит 2017 – Поврзување на континентот” на уметничката група Егзит од Јужна Кореја. На изложбата ќе бидат претставени дела од следните автори: Гиљце Цонг, Донграк Сон, Иксонг Џин, Инсук Риу, Јунтек Са, Кјусан Ли, Лој Ким, Миџонг Ли, Сангу Хан, Санјонг Ли, Чанглим Ли и Џијан Мун.

​​​​​​​​​​​​​​​​​​​Групата Exit е формирана во градот Ченгчу во 2010 година и во неа покрај основачите, секоја година кон изложбите се приклучуваат различни членови, а исто така покануваат и гости од странство. Изложуваат по 2 пати годишно, еднаш во Кореја, еднаш во странство. Во својот прв каталог ја цитираат мислата на Фрида Кало: “Се надевам дека Излезот носи задоволство, и се надевам дека никогаш нема да се вратам”, што го појаснува значењето и поводот за избор на нивното име.

Изложбата премиерно беше претставена во MC Gallery во Њујорк на почетокот на 2016-та година, а македонската публика имаше можност да ги види делата на овие автори во текот на месец август 2016-та во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица, заедно со делата на повеќе македонски автори кои беа дел од изложбата “Патување”, а потоа и на претставувањето на изложбата во Домот на култура “Иван Мазов-Климе” во Кавадарци во март 2017-та.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: