Културо

„Гајрет“ – концерт на Македонската филхармонија со солисти од Македонија, Турција и Либан

Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Македонската филхармонија, овој четврток, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет” на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии).

Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен” оп 39 од Фазил Сај и Симфонија бр. 8 од Антонин Дворжак.

Можеби ќе ве интересира: