На 5 јуни 2026 година (петок) од 18:30 часот во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Детски цртеж“ од Ателје Артика. Ќе бидат изложени 150 цртежи на ученици кои посетуваат настава во ателјето. Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам.

Ателјето е предводено од ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков, кои преку своето искуство и посветеност создаваат средина што поттикнува учење, истражување и инспирација преку уметноста и креативното изразување.
Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески
