На 17 април 2026 година (петок) со почеток од 19 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви, крстови, пејзажи, кочанско поле…

“Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски”, вели авторот Драган Верговски-Алпи.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф.Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај професор Димитар Кондовски. Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград.
Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони. Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.

Како експерт од областа на конзерваторско-рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури.
Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески
