Културо

Композиторката Гала Насева го објави својот деби албум насловен „Опус 1-8“

Композиторката на современа класична музика од Скопје, Гала Насева, го објави својот дебитантски албум „Опус 1-8“ под етикетата на независната издавачка куќа „Шарла“. Албумот е составен од осум композиции на пијано, чело и електронски елементи, кои вкупно траат 28 минути. На две композиции Насева соработуваше со композиторот Глигор Кондовски.

„Покрај неколкуте луцидни минијатури, се издвојува Опус 7/8 во која авторката на инвентивен начин ги поврзува македонското музичко наследство и авангардниот израз на современата класична музика“, велат од “Шарла Рекордс”.

Гала студираше музикологија на универзитетот „Јустус Либиг“ во Гизен, Германија.

Можеби ќе ве интересира: