Културо

Лоренс Шер: Платформата Шотдек е славење на филмовите

Шотдек (Shotdeck) e буквално славење на филмовите. Овде ќе најдете фотографии и видео материјали од илјадници филмови. Можете да одберете било кој. Овде можете да најдете слики и видеа кои ќе ви послужат и само за инспирација. Ова денеска го истакна американскиот кинематографер Лоренс Шер, на денешната презентација насловена како „Разговор со пријателите“, која се одржа во киното „Манаки“ во Битола. Пред присутните во публиката, кинематограферот на легендарниот „Џокер“, но и на „Гарден стејт“ и на „Диктаторот“, ја презентираше платформата Шотдек, чиј основач е самиот. Тоа е најголемата светска база на податоци за кинематографски слики, основана во 2014 година и е направена од филмски работници за филмски работници. Иако првично имала за цел да понуди пребарување и категоризација на омилените снимки, еволуирала во неверојатен ресурс што ја слави кинематографската уметност и уметниците кои ја создаваат.
Сите папки кои ги имав на десктоп од 2015 година, сега се на Шотдек. Ова е славење на филмовите. Еве на пример, овде во секоја сцена има експлозија. Ова се прекрасни фотографии од процесот на правење филм. Можете да пребарате и снимки, рече Шер, презентирајќи материјали кои ги има на платформата.
Заедно со неговите колеги Анастас Мичос, Шејмус Мекгарви и Ула Понтикос, споделија искуства од различни филмски сетови на кои работеле. Зборуваа и за интересни локации на кои снимале филмски сцени. Меѓудругото, кинематограферите зборуваа и за „грешките“ кои ги правеле во минатото на филмски сетови.
Годинашното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, го има Лоренс меѓу специјалните гости. Номиниран е за Оскар и наградата БАФТА за најдобра кинематографија за филмот „Џокер“ од 2019 година, во режија на Тод Филипс. На едно патување во Париз додека бил ученик, Шер за прв пат ја развил љубовта кон фотографијата, откако неговиот татко го убедил да земе камера од 35 милиметри на патувањето. Откако завршил курс за филмска историја, Шер веднаш развил интерес за киното. По завршувањето на колеџот, пак, се преселил во Лос Анѓелес и веднаш почнал да работи како гафер на снимање на видео и асистент на реклами, пред да дојде до фазата да работи како кинематографер.

Можеби ќе ве интересира: