По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на официјалниот YouTube канал на Македонската опера и балет и на ТВ24 во недела (2 мај), со почеток во 17.45 ч. премиерно ќе биде прикажано возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – „Стабат Матер“.
Диригент е Бисера Чадловска, Дејан Прошев – режисер, Климент Тодороски – концерт-мајстор. Настапуваат солистите: Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист, Оркестарот и Хорот на МОБ.
Користена е дел од сценографијата од оперската претстава „Тоска“- продукција на Македонската опера и балет. „Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од XIII век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.
