Културо

МОБ ви го најавува Гала оперскиот концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска

На сцената на Македонската опера и балет на 26-ти ноември 2022 со почеток во 20 часот ќе се одржи Гала оперскиот концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски( баритон ) во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет.

Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт-мајстор: Климент Тодороски. На програмата ќе се изведат оперски арии од композиторите: Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди, Џ. Пучини, У. Џордано и др.

Гала оперскиот концерт е во соработка со културно – информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

Можеби ќе ве интересира: