Културо

Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ репризно на 14 декември во Македонската опера и балет

По премирата на ексклузивниот концерт насловен „Фолклорно-класична симбиоза“ кој што се одржа на 27-ми септември оваа година, Македонската опера и балет во соработка со Танец ви ја најавуваат репризата на овој интересен и оргинален музичко-сценски спектакл кој што ќе се одржи на 14 декември.

По втор пат на барање на публиката, Македонската опера и балет и Танец ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец.

И овој концерт кој што ќе се одржи во големата сала на Македонската опера и балет ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Македонска опера и балет.

Можеби ќе ве интересира: