По 12-ти пат, традиционално во Скопје, но и во другите градови низ Македонија ќе се одржи “Баскерфест”, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти. Локацијата е плоштад “Македонија”, а свои точки секојдневно ќе имаат атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Во Скопје фестивалот ќе започне на 16-ти јуни и ќе трае 10 дена, а потоа ќе продолжи и во другите градови ширум Македонија.
Со овој настан секоја година се отвараат портите на Скопје како за домашната, така и за меѓународната публика која ја има во се поголем број. Се очекуваат настапи и спектакли на над 50 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите.
Подготви: Александра Блажевска
