Културо

НУЦК „Марко Цепенков“ подготвува нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА!

На 21 мај 2026 (четврток) од 20.00 часот во голема сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Бидете дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија!Да дојдете на уште една незаборавна вечер и да ги доживеете најдобрите музички времиња!

Влезниците по цена од 500 денари на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат секој работен ден од 11.00 до 14.00 часот.

 

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: