Културо

Оперската магија повторно пристигнува во Скопје: „Мајски оперски вечери“ од 9 до 31 мај (Фото)

Градот Скопје повторно ќе биде епицентар на врвната оперска уметност. Од 9 до 31 мај, во Македонската опера и балет ќе се одржи реномираниот Меѓународен фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“, кој и оваа година ветува незаборавно културно доживување.

На програмата се најавени некои од најубавите и најграндиозните оперски дела, како и една балетска претстава, во изведба на врвни домашни и меѓународни уметници – режисери, диригенти, кореографи, како и оперски и балетски солисти.

Фестивалот, кој повеќе од пет децении е симбол на класичната музика во Македонија, и годинава ќе понуди репертоар што ги слави безвременските вредности на оперската уметност, како и нови, свежи сценски интерпретации на култни дела. Публиката ќе има можност да ужива во спектакуларни настапи што ќе го спојат традиционалното со модерното сценско изразување.

„Мајски оперски вечери“ не само што претставуваат културен врв на сезоната, туку се и платформа за уметничка соработка, размена на искуства и презентација на националната продукција на светската културна мапа.

Можеби ќе ве интересира: