Културо

Оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 23-ти ноември на сцената на МОБ

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Македонската опера и балет на 23-ти ноември со почеток во 20 часот. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети – Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Македонската опера и балет.

Можеби ќе ве интересира: